Svet.SlajderСветСвет.Портал

Нетанјаху ја претстави новата влада на единство

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска пред Кнесетот ја претстави владата на единство

Тел Авив, 17 мај 2020 (МИА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска пред Кнесетот ја претстави владата на единство.

– Народот сакаше единство и тоа го доби, истакна Нетајаху пред пратениците.

Новата израелска влада ќе има 36 министри, што е најголема бројка во историјата на земјата.

Предвидено е Нетанјаху да ја извршува премиерската функција 18 месеци, а потоа местото да му го отстапи на неговиот некогашен политички противник, лидерот на партијата Сино и Бело, Бени Ганц.

Првично, Ганц ќе биде министер за одбрана во владата на Нетанјаху.

Нетанјаху (70) е со најдолг политички стаж во Израел, тој првпат дојде на власт во 1996 година и трипати по ред беше на чело на државата од 2009 година.

На 24 мај почнува судскиот процес против Нетанјаху по обинувањата за примање на мито и измама, дела што тој ги негира. ми/

 

Таг
Back to top button
Close
Close