Дописници МКДОпштински вести

Нерегистриран угостителски објект работел во Куманово, полицијата затекнала пет гости и сопственик

Нерегистриран угостителски објект работел по дозволеното време, полицијата затекнала пет гости и сопственикот, соопшти денеска СВР Куманово.

Куманово, 4 февруари 2021 (МИА) – Нерегистриран угостителски објект работел по дозволеното време, полицијата затекнала пет гости и сопственикот, соопшти денеска СВР Куманово.
Вчера, граѓанин пријавил во полицијата, а полициските службеници извршиле контрола на нерегистриран угостителски објект во центарот на градот, кој покрај тоа работел и по дозволеното работно време за угостителски објекти.

Како што информираат од СВР Куманово, при контролата биле затекнати пет лица-гости и сопственикот Г.Р.(49). По целосно документирање на случајот, против сопственикот ќе биде поднесена соодветна пријава. ам/ар/

Таг
Back to top button
Close
Close