Дописници МКДОпштински вести

Непречено се спроведува вакцинацијата на повозрасните лица во Здравствениот дом во Куманово

Интензивно се спроведува вакцинацијата во Здравствениот дом во Куманово, наменета за возрасните лица над 77 години со вакцината „Астра Зенека“, информираше денеска началничката за превентива од оваа установа, доктор Снежана Јовановска. Од почетокот на вакцинацијата во Куманово, досега, се вакцинирани 482 лица.

Куманово, 13 април 2021 (МИА) – Интензивно се спроведува вакцинацијата во Здравствениот дом во Куманово, наменета за возрасните лица над 77 години со вакцината „Астра Зенека“, информираше денеска началничката за превентива од оваа установа, доктор Снежана Јовановска. Од почетокот на вакцинацијата во Куманово, досега, се вакцинирани 482 лица.

– Ние веќе две недели спроведуваме вакцинација за постарите од 77 години. Задоволни сме од одѕивот, нема турканици, пациентите го запазуваат терминот, доаѓаат навреме и сè се одвива во најдобар ред. Досега немаше несакани реакции и тоа нè радува, само некои пациенти се пожалија на болка во раката што е нормална појава, изјави д-р Јовановска.

Вакцинацијата се спроведува секој работен ден почнувајќи од 8 часот наутро. Поради полицискиот час, пациентите се повикуваат малку порано да дојдат пред 20 часот. Во меѓувреме екипите на Здравствениот дом вршат вакцинација и во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ каде се очекува вкупно да бидат вакцинирани над 100-тина лица.

– Им препорачувам на граѓаните да се вакцинираат, да не ги слушаат шпекулациите, изјави Јовановска.

Во Куманово, според последните информации на Министерството за здравство, активни се 1.211 случаи. ам/рп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close