0_Македонија.ПорталKultura.SlajderДописници МКДКултураКултура.Портал

„Неправилен ритам” – самостојна изложба на Билјана Билбилоска

Со трета самостојна изложба насловена „Неправилен ритам”, вечер од 20 часот во музичкото училиште во Тетово ќе се претстави авторката Билјана Билболоска. На изложбата ќе бидат претставени слики изработени во техника акрилик на платно и на картон. 

Тетово, 18 август 2020 (МИА) – Со трета самостојна изложба насловена „Неправилен ритам”, вечер од 20 часот во музичкото училиште во Тетово ќе се претстави авторката Билјана Билболоска. На изложбата ќе бидат претставени слики изработени во техника акрилик на платно и на картон.

Ќе бидат изложени слики направени во 2019 и 2020. Тематски, изложбата преку боите води дијалог со музиката. Преку аналогијата на овие две нешта, ги сместува боите и звуците во една иста рамка и на иста фреквенција. Музиката е надоврзување на сликите, своевидна екстензија, дел од просторот, иако временски несместлива во три просторни димензии. Ритамот како ликовен елемент варира од праволиниски и правилен до непостојан и непредвидлив, дисперзиран конкавно, со тенденција да ги надмине физичките рамки на платното и да ја продолжи својата приказна надвор, вели авторката.

Билјана Билбилоска дипломирала и магистрирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на отсекот графика. Досега имала три самостојни изложби, како и голем број групни претставувања во земјава, Србија, Турција, Романија, Полска и во САД. Се занимава со графички дизајн, илустрација и филм. ас/хс/

Back to top button
Close
Close