0_Магазин.ПорталЗанимливости

Неодамна откриената воена база на Гренланд ги открива своите тајни

Базата, односно нејзиниот врв е откриен поради топењето на мразот. Таа била дел од проектот „Леден црв" (Iceworm) и е проектирана да работи целосно самостојно. Во случај на пообемен напад, базата можело да биде затворена однатре и да се има залихи за десетлетија однапред.

Копенхаген, 12 декември 2019 (МИА) – На Гренланд пред извесно време беше откриена американска воена база од Студената војна, што долги години се наоѓала под дебел слој мраз.

За разлика од, исто така, неодамна откриената антарктичка база, што ѝ припаѓала на Германија, гренландскиот воен град контролирал поголемо подрачје на северот.

Базата, односно нејзиниот врв е откриен поради топењето на мразот. Таа била дел од проектот „Леден црв” (Iceworm) и е проектирана да работи целосно самостојно. Во случај на пообемен напад, базата можело да биде затворена одвнатре и да има резерви за десетлетија однапред.

Но, основната задача на базата била управување со нуклеарното оружје. Во базата има специјални мали подземни магацини за балистички ракети.

Но кога се појавиле нови, современи и поопремени подморници, но и поради состојбата со мразот, базата во 1966 година била затворена и сè што било во неа, било преместено. си/гт/

Таг
Back to top button
Close
Close