Дописници МКДОпштински вести

Нема зголемена потрошувачка на вода во Кичево и покрај поларните температури

За разлика од претходните години, кога во зима, особено во периоди на екстремно ниски температури, потрошувачката на вода во Кичево се зголемуваше за 30 до 40 проценти, годинава тоа не е случај, што го потврди и првиот човек на кичевски Комуналец, Зенел Јонузи.

Кичево, 17 февруари 2021 (МИА) – За разлика од претходните години, кога во зима, особено во периоди на екстремно ниски температури, потрошувачката на вода во Кичево се зголемуваше за 30 до 40 проценти, годинава тоа не е случај, што го потврди и првиот човек на кичевски Комуналец, Зенел Јонузи.

-За првпат оваа зима во периодите на екстремно ниски температури, какви што деновиве владеат во земјава, потрошувачката на вода од градскиот водовод не е воопшто зголемена. Дали се работи за превентивно обезбедување на славините и цевките со заштитен материјал за да не дојде до замрзнување или во прашање е нешто друго, навистина немаме одговор. Претходните зиме бројот на дефекти на водоводната мрежа беше голем и наши екипи постојано беа на терен, но годинава и овие дефекти се далеку помали, вели Јонузи.

Според Јонузи, можеби за тоа помогнале и апелите што преку социјалните мрежи и локалните телевизии беа упатени, да се води сметка да нема непотребна потрошувачка на вода поради страв од замрзнување на славините или водоводните цевки што се на отворено или во подруми. за/ев/

 

 

Back to top button
Close
Close