Svet.SlajderБалканБалкан.ПорталДописници Свет

Нема Словенци меѓу новите амбасадори на Европската Унија

Словенија не доби ниту едно амбасадорско место во прераспределбата на дипломатските места на Европската унија, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Љубљана, 22 јуни 2020 (МИА) – Словенија не доби ниту едно амбасадорско место во прераспределбата на дипломатските места на Европската унија, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Државната Телевизија Словенија објави дека за дипломатските мисии во Северна Македонија, Исланд, Косово, Црна Гора, Египет и Малезија конкурирале словенечки дипломати, но Службата за надворешни работи на ЕУ објави дека тие не добиле ниту едно од овие места.

Од словенечкото Министерство за надворешни работи сметаат дека пропуст има и во нивното залагање за кандидатите.

– Знам дека имавме голем број на кандидати. Понудивме многу добри дипломати. Мораме да биде самокритични и да кажеме дека не сторивме доволно за нашите кандидати, не лобиравме за нив, изјави Александер Гержина, портпарол на Министерството за надворешни работи.

Словенечките медиуми како неуспех го оценија фактот што на местото на Словенецот Самуел Жбогар кој ја извршуваше функцијата евроамбасадор во Северна Македонија, ќе дојде дипломат Англичанец со белгиски пасош. ав/ссм/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close