0_Web_Избор на уредникот0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Нема потреба од нов договор со Бугарија, смета Заев

Премиерот Зоран Заев денеска повтори дека нема потреба од нов договор со Бугарија бидејќи постоечкиот е одличен. Појаснувајќи ја својата неодамнешна изјава дека за решавање на проблемот со Бугарија постојат соодветни алатки и начини како што се јавна изјава, декларација, анекс на договор и слично, Заев рече дека во неа би било наведено дека името Република Северна Македонија се однесува на територијата на нашата држава и дека немаме територијални претензии кон никого.

Back to top button
Close
Close