0_Спорт.ПорталФудбал

Нема новозаразени фудбалери на Јувентус

Поради оваа причина, на некои од играчите - Гонзало Игуаин, Миралем Пјаниќ, Сами Кедира и Даглас Коста - им беше дозволено да се вратат кај своите семејства и покрај тоа што клубот е во карантин.

Торино, 22 март 2020 (МИА) – Сите примероци за коронавирус во Јувентус, освен оние на заразените Даниеле Ругани, Блеиз Матуиди и Пауло Дибала, се негативни, пренесува „Скај Спорт Италија“.

Поради оваа причина, на некои од играчите – Гонзало Игуаин, Миралем Пјаниќ, Сами Кедира и Даглас Коста – им беше дозволено да се вратат кај своите семејства и покрај тоа што клубот е во карантин.

Другите екипи во Серија „А“ со случаи на КОВИД-19 се Сампдорија, Фиорентина, Верона и Милан.

Таг
Back to top button
Close
Close