БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Неколку илјади граѓани маршираа во Љубљана против коалицијата на Јанша

Неколку илјади граѓани вечерва излегоа на протестот во Љубљана наречен „Без став - марш против коалицијата на омраза”, јави дописникот на МИА од Словенија.

Љубљана, 28 февруари 2020 (МИА) – Неколку илјади граѓани вечерва излегоа на протестот во Љубљана наречен „Без став – марш против коалицијата на омраза”, јави дописникот на МИА од Словенија.

Маршот против извесната Влада предводена од Јанез Јанша започна во 17 часот пред седиштето на СМЦ (Партија на модерниот центар) каде што говорниците порачаа дека Влада предводена од Јанша нема да и донесе ништо добро на земјата.

– Ние сме тука вечерва, не да ги раздвојуваме луѓето, туку да ја спречиме поделбата која ќе ја донесе „коалицијата на омразата”. Глас за Влада на Јанша е глас за воведување вонредна состојба. Ако гласате за оваа Влада, ќе гласате за Влада по моделот на Орбан од кој се дистанцираше цела Европа, беше порачано од говорниците.

Протестот заврши мирно пред седиштето на партијата на пензионерите ДеСус.

Инаку, денеска словенечките медиуми објавија дека во вторник на собраниска седница ќе се гласа за новата Влада на Јанша. За да се изгласа е потребна поддршката од најмалку 46 пратеници. Предвидено е гласањето да биде тајно. Новоформираната коалиција предводена од СДС има 48 пратеници. ав/

Таг
Back to top button
Close
Close