0_Македонија.ПорталОпштество

Некои реки под просекот, други со двојно повисоки водостои

И покрај врнежите што ја зафатија земјава, нивоата на реките варираат. Некои се под просекот за јануари, а некои се дури и двојно зголемени.

Скопје, 5 јануари 2020 (МИА) – И покрај врнежите што ја зафатија земјава, нивоата на реките варираат. Некои се под просекот за јануари, а некои се дури и двојно зголемени.

Според денешните хидролошки мерења, се уште драстично намалени се Сатеска кај Ботун и Црна Река кај Новаци, додека покачувања бележат Струмица кај Ново Село и Сушево, Брегалница кај Берово, Пчиња кај Катлановска Бања и Пелинце и Крива Река кај Крива Паланка.

Преспанското и Охридското езеро и натаму се под просекот. мч/сп/

 

Back to top button
Close
Close