0_Спорт.ПорталКошарка

Неизвесен натпреварот Жалгирис-Милано поради коронавирусот

Натпреварот меѓу Жалгирис и Милано што е закажан за петок од 19 часот во рамки на 26-то коло во Евролигата може да биде одложен. Дел од медиумите дури тврдат дека кошарка во вториот по голема град во Литванија оваа недела ќе нема, само се чека на официјална потврда.

 Каунас, 24 февруари 2020 (МИА) – Натпреварот меѓу Жалгирис и Милано што е закажан за петок од 19 часот во рамки на 26-то коло во Евролигата може да биде одложен. Дел од медиумите дури тврдат дека кошарка во вториот по голема град во Литванија оваа недела ќе нема, само се чека на официјална потврда.

Предлогот за одложување дојде од литванскиот министер за здравство, Аурелиус Верига кој изрази загриженост од појава на заразата која се појави во Кина и се прошири низ цел свет. Конечна одлука за кошаркарскиот натпревар ќе даде Комисија за вонредни состојби, а проценка на ситуацијата се очекува и од Евролигата. Двете екипи, пак, изразија подготвеност да играат. сѓд /сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close