Дописници МКДОпштински вести

Неготинец нападнал момче кое било во врска со неговата малолетна внука

Жител на Неготино вчера попладне физички нападнал момче кое било во љубовна врска со неговата внука, истакна денеска портпаролот во СВР Велес, Верољуб Додевски.

Неготино, 16 јануари 2020 (МИА) – Жител на Неготино вчера попладне физички нападнал момче кое било во љубовна врска со неговата внука, истакна денеска портпаролот во СВР Велес, Верољуб Додевски.

– Вчера околу 15 часот во Неготино на ул.„Мaршал Тито“, малолетничка и 19-годишно момче со кого била во љубовна врска, биле пресретнати од страна на нејзиниот 44-годишен  вујко. Според пријавеното, вујкото со сила ја качил малолетната внука во својот автомобил и физички го нападнал момчето, бидејќи не ја одобрувал врската. Се работи на расчистување на случајот, појасни Додевски. свд/рп/

Back to top button
Close
Close