Дописници МКДОпштински вести

Негативен тренд на наплата бележи ЈП „Водовод“ Куманово

Негативен тренд на наплата бележи кумановското јавно претпријатие „Водовод“ изминатиот месец, соопштија денеска надлежните од претпријатието. Од „Водовод“ бележат значителен пад на наплатата на сметки за првиот квартал за тековната година, посебно за март.

Куманово, 29 април 2020 (МИА)Негативен тренд на наплата бележи кумановското јавно претпријатие „Водовод“ изминатиот месец, соопштија денеска надлежните од претпријатието. Од „Водовод“ бележат значителен пад на наплатата на сметки за првиот квартал за тековната година, посебно за март.

-Кумулативната наплата на сметки за потрошена вода за пиење за јануари изнесувала 75 проценти од фактурираните сметки, за февруари 65 отсто, а за март процентот на наплата е само 40, информираше директорот на претпријатието, Горан Стојковски.

Тој очекува и за месец април да продолжи негативниот тренд на наплата на сметки поради состојбата со Ковид 19.  За да се почитуваат препораките заштита поради пандемијата,  од претпријатието ги повикаа кумановци електронски  да ја извршуваат наплатата. Според податоците електронската наплата бележи пораст, од први февруари кога беше воведена до 31 март наплатата изнесувала 307.000 денари, додека од први април до вчера е преку 900.000 денари.  Повозрасните граѓани сметките  можат да им бидат наплатени преку инкасатори кои ќе приложат беџ дека се вработени во претпријатието.

Граѓаните можат да се информираат на телефонските броеви на претпријатието, самите можат да ја сликаат состојбата на водомерите и да ги информираат надлежните приложувајќи фотографии. 


-И покрај ваквата негативен тренд, претпријатието ќе се обиде преку неколку проекти да го подобри работењето и давањето на квалитетни услуги кон потрошувачите-вели Стојковски.

Тој го потенцираше проектот за замена на 10.000 водомери. ам/ир

Таг
Back to top button
Close
Close