0_Web_АктуелноSvet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Негативен и третиот тест на Меркел на коронавирусот, сепак, останува во домашен карантин

Негативен е и третиот тест за инфекција на коронавирус кај германската канцеларка Ангела Меркел, соопштија денеска од нејзиниот кабинет, а пренесоа светските агенции.

Берлин, 31 март 2020 (МИА)  – Негативен е и третиот тест за инфекција на коронавирус кај германската канцеларка Ангела Меркел, соопштија денеска од нејзиниот кабинет, а пренесоа светските агенции.

„Канцеларката и во следните неколку дена своите државнички работи ќе ги извршува од домашен карантин“, додава Владата во Берлин во соопштение.

Канцеларката Меркел во домашен карантин се наоѓа повеќе од една недела, откако лекарот, кој ѝ дал вакцина, бил позитивен на тестот за коронавирусот. сд/

Back to top button
Close
Close