0_Спорт.ПорталSport.SlajderОстанато

Недеви на 20. ИТКФ Светски шампионат во традиционално карате во Бразил

На светскиот шампионат во Куритиба ќе настапат нашите најуспешни, најтрофејни и најискусните натпреварувачи браќата Дејан и Аљоша Недеви освојувачи на многу медали од европските и светските првенства и купови во традиционално карате.

Куритиба, 3 декември 2019 (МИА) – Oд 4 до 8 декември 2019 година во Куритиба, Бразил ќе се одржи 20. ИТКФ Официјален Светски шампионат во традиционално карате.

На светскиот шампионат во Куритиба ќе настапат нашите најуспешни, најтрофејни и најискусните натпреварувачи браќата Дејан и Аљоша Недеви освојувачи на многу медали од европските и светските првенства и купови во традиционално карате.

Со нив заедно ќе патува и селекторот Венцислав Недев кој покрај другото ќе биде и судија на СШ.

На СШ во Куритиба се очекува да учествуваат рекорден број на учесници од сите континенти на светот. Предвидено е пред натпреварите да се одржи и голем карате семинар со светските ИТКФ карате легенди и повеќекратни светски шампиони меѓу кој ќе биде и Дејан Недев заедно со уште три легенди како што се: Рикардо Луис Буци од Бразил, Хусто Гомез од Аргентина и Мусат Корнел од Романија.

Таг
Back to top button
Close
Close