Општински вестиСкопје

Неделен извештај на ЈП Водовод и канализација: Водата во Скопје е безбедна за пиење

Според неделниот извештај на Секторот за санитарна контрола водата во Скопје е безбедна за пиење, соопштуваат од ЈП „Водовод и канализација“.

Скопје, 7 септември 2020 (МИА) – Според неделниот извештај на Секторот за санитарна контрола водата во Скопје е безбедна за пиење, соопштуваат од ЈП „Водовод и канализација“.

Секторот за санитарна контрола во период од 31 август до 4 септември зема 182 примероци за физичко-хемиска и 182 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 39 мерни места во Град Скопје.

Според добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење. ки/ац/

Back to top button
Close
Close