0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Неделен извештај на ИЈЗ: Намален бројот на новозаболени и починати, а зголемен на оздравени

Во периодот од 29 јуни до 5 јули, според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, се бележи намалување на бројот на новозаболени и починати, а зголемување на бројот на оздравени лица во споредба со претходната недела на известување, соопшти Министерството за здравство.

Скопје, 8 јули 2020 (МИА) – Во периодот од 29 јуни до 5 јули, според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, се бележи намалување на бројот на новозаболени и починати, а зголемување на бројот на оздравени лица во споредба со претходната недела на известување, соопшти Министерството за здравство.

Во овој период направени се вкупно 8.422 тестирања, а регистрирани се 917 позитивни случаи на Ковид-19, што е за 186 случаи помалку од претходната недела. Во последните три недели бројот на новозаболени на неделно ниво бележи пад, како и процентот на позитивни случаи од тестирани. Во периодот од 29 јуни до 5 јули овој процент изнесува 10,9.

Регистрирани се случаи во 25 града, при што најголем процент на новозаболени има во Скопје (45,9%) и во Тетово (10,3%). Во 17 града во земјата, за истиот период, бројот на новопотврдени случаи е под 20.

Од новозаболените во овој период најголем процент се лица над 60 години (22,9 %), потоа лица од 50-59 години – 19,8%, забележано е благо намалување во однос на претходниот период кај лица на возраст меѓу 40–49 години и благо зглемување на процентот кај лица меѓу 30-39 и 20-29 години. Најмал број новозаболени има кај децата на возраст до девет години – 3,1%, и од 10-19 години – 4,1% од вкупниот број новозаболени.

Од случаите во овој период кои се епидемиолошки истражени, хоспитализирани се 113 лица или 13,4 отсто, што претставува намалување за четири отсто во однос на претходната недела на известување, а кај 205 лица или кај 25 отсто регистрирано е присуство на коморбидитети.

Во периодот 29 јуни до 5 јули, регистрирани се 46 смртни случаи, што е 11 помалку од претходната недела на известување. Најголем број од случаите се лица над 60 години (67,4 отсто).  Кај 38 од смртните случаи (82,6 отсто) регистрирани се претходни коморбидитети.

Оздравени се водат 613 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е за 166 лица повеќе од претходната недела на известување (21-28 јуни). Ова е исто така важен и позитивен индикатор кој влијае на намалување на растот на активни случаи, стои во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје. рп/са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close