Општински вестиСкопје

Неделава отстранети 10 непрописно паркирани возила од јавните површини во Град Скопје

Во текот на изминатата недела со специјалните возила „пајак“ на територијата на Скопје подигнати се 10 возила од јавните површини. Само три од нив се отстранети од зонските паркиралишта, а  останатите се подигнати од коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина,  како и по повик од трето лице, информираат од Град Скопје.

Скопје, 4 април 2020 (МИА) – Во текот на изминатата недела со специјалните возила „пајак“ на територијата на Скопје подигнати се 10 возила од јавните површини. Само три од нив се отстранети од зонските паркиралишта, а  останатите се подигнати од коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина,  како и по повик од трето лице, информираат од Град Скопје.

Контролорите на зонските паркиралишта, посочуваат, во истиот период санкционирале вкупно 90 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 10 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Град Скопје и Јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

-Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка, велат од Градот. вј/вг/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close