Kultura.SlajderКултураКултура.Портал

Почнува Неделата на новиот германски филм

Неделата на новиот германски филм почнува денеска во Струга, каде публиката ќе има можност до 27 август да проследи најновите остварувања на богатата германска кинематографија. Неделата на новиот германски филм ќе продолжи од 1 до 7 септември во Скопје и на 3 и 4 септември во Прилеп.

Скопје, 24 август 2020 (МИ)А) – Неделата на новиот германски филм почнува денеска во Струга, каде публиката ќе има можност до 27 август да проследи најновите остварувања на богатата германска кинематографија. Неделата на новиот германски филм ќе продолжи од 1 до 7 септември во Скопје и на 3 и 4 септември во Прилеп.

За разлика од минатите години, овој пат гледачите ќе уживаат во филмските проекции под отворено небо. Во Струга на отворањето ќе биде прикажана премиерата на долгоочекуваниот „Undine“ на режерот Кристијан Петцол. Фестивалот ќе продолжи со прикажувањето на селекцијата составена од трилерот „Ballon“ (2019) на Мајкл Хербиг, биографскиот „Mein Blind Date Mit Dem Leben“ (2017) на Мајк Ротемунд и комедијата „Die Goldfische“ (2019).

Покрај гореспоменатите, останати наслови кои ќе бидат прикажани за време на фестивалот ги вклучуваат: „Ich fühl mich Disco“ (2013) на режисерот Аксел Раниш, „Kaddisch für einen Freund“ (2012) на Лео Касин и комедијата „Fack ju Göhte“ (2013) на Бора Дагтекин..

Oвогодинешното издание на Неделата на новиот германски филм го реализира Центарот за социјални иновации Блинк 42-21 во соработка со Кинотека на Северна Македонија, Дрим Шорт- Струга и Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп и со поддршка на Амбасадата на Сојузна Република Германија. рп/мд/

Back to top button
Close
Close