0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020ПолитикаПолитички партии

Не стивнувата „бомбите“ ниту на последниот ден од кампањата

Продолжија да се пукаат „бомби“ и на последниот ден од кампањата на предвремените парламентарни избори, која многумина ја означија како „бомбашка“, откако изминатите 20 дена на различни други Јутјуб канали беа објавени дестина разговори на кои се слушаат гласовите на политичари од власта и опозицијата.

Скопје, 12 јули 2020 (МИА) – Продолжија да се пукаат „бомби“ и на последниот ден од кампањата на предвремените парламентарни избори, која многумина ја означија како „бомбашка“, откако изминатите 20 дена на различни други Јутјуб канали беа објавени дестина разговори на кои се слушаат гласовите на политичари од власта и опозицијата.

Новата „бомба“ денеска се поврзува со лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Нова нелегална снимка е објавена на Јутјуб каналот именуван „Зоки рекетарот“, која е во траење од 12 секунди и на која наводно се слуша гласот на Заев. На снимката се слуша како се спомнува адвокатот Васил Димишков, брат на судијката Весна Димишкова и некаква понуда од 6 милиони евра.

Претходно денеска на Јутуб се појавија нови снимки на кои се слуша како лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски имал тајни средби со осумте исклучени пратеници кои ги убедувал да не гласаат за Законот за јавното обвинителство. Мицковски им вели на пратениците дека власта сака на нелегален начин да ги пренесе предметите од СЈО во ЈО и посочува дека власта има намера да продолжи со уцените и притисоците врз неистомислениците. На една од снимките, Мицкоски им зборува како тој рекол во сите партиски општински комитети да не ги напаѓаат независните пратеници, додека на друга снимка се слуша како им вели дека ќе дошол ден кога ќе се открие целата вистина и дека и тие како пратеници ќе можат после изборите да ја откријат вистината на јавноста.

Од снимките се оградуваат и Заев и Мицкоски, а лидерот на СДСМ во интерјуто за МИА посочи дека поднел кривични пријави за сите досега објавени снимки, без разлика дали станува збор за неговата партија или за опозицијата.

-Прво сакаме да престане ова заради тоа што еден дел од граѓаните стрепат за приватноста и треба да знаат дека секој има право да тужи макар другар со другар да се снимаат па да објави. Тоа е незаконски, недозволиво и треба да го знаат. Втората работа политиката нели рековме да биде пример за сите и тоа е недозволиво, затоа тоа јавно го направивме односно транспарентно да знаат сите дека има работи во државата коишто се забранети и затоа процесуиравме пријави, рече Заев.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, пак, неодамна во ТВ дуелот со Заев на МТВ истакна дека тој не поднел пријави, но додаде дека со бомбите ќе се позанимава по изборите. ац/бк/

Back to top button
Close
Close