Дописници МКДОпштински вести

Не се одбележа празникот на Општина Тетово

Тетово не го одбележа Денот на Општината - 3-ти Март, а нема најава дали и воопшто ќе се одбележи понатаму. Вообичаено се одржуваа свечени седници со цел да се оддадат признанија на личности, здруженија и институции за посебен придонес во афирмација на Општината.

Тетово, 3 март 2020 (МИА) – Тетово не го одбележа Денот на Општината – 3-ти Март, а нема најава дали и воопшто ќе се одбележи понатаму. Вообичаено се одржуваа свечени седници со цел да се оддадат признанија на личности, здруженија и институции за посебен придонес во афирмација на Општината.

-Нема да има активности по повод Денот на Општината, гласи краткиот одговор од Општина Тетово на прашањето зошто е одлучено така.

Одбележување на овој ден немаше и во 2018 година, додека во 2019 се одржа. Во 2018 година причина беше тоа што немаше формирано мнозинство и избрано претседател по локалните избори во октомври 2017.

До 2002 година како Ден на Оштина Тетово се одбележуваше Денот на ослободувањето – 19 Ноември. Од 2003 година за Ден на општината е избран 3-ти март 1992 година, како датум кога е одржана првата седница на повеќепартиски Совет на општина Тетово. ас/мд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close