Дописници МКДОпштински вести

Не се одбележа општинскиот празник на Тетово, градоначалничка на увид на уредување градска населба

Општина Тетово и оваа година не го одбележа 3 март, кој од 2003 година е општински пранзик. Од Општината не одговорија дали воопшто ќе има некакво одбележување денес или друг ден.

Тетово, 3 март 2021 (МИА) – Општина Тетово и оваа година не го одбележа 3 март, кој од 2003 година е општински пранзик. Од Општината не одговорија дали воопшто ќе има некакво одбележување денес или друг ден.

На профилот на градоначачничката Теута Арифи на социјалнита мрежа Фејсбук беше објавено дека таа била во Студенска населба каде се изведуваат градежни работи за инфраструктурно уредување.

– Досега беа бекатонизирани патиштата на површина од 2700 квадратни метри и во тек се работите за регулирање на вкупно 8 улички во оваа населба, на површина од близу 3000 квадратни метри. Во исто време, се работи на регулирање на јавното осветлување, засадување на садници од дрвја и поставување на корпи за отпадоци. Тековната вредност на инвестицијата е 5 милиони денари, се вели во објавата.

Одбележување на општинскиот празник немаши ни лани, како ни и во 2018 година, а се одржа во 2019. До 2002 година како Ден на Оштина Тетово се одбележуваше Денот на ослободувањето на градот – 19 ноември. Од 2003 година за ден на Општината е избран 3 март 1992, како датум кога е одржана првата седница на повеќепартискиот Совет на општина Тетово. ас/оџ/

Back to top button
Close
Close