Дописници МКДОпштински вести

Не работат библиотеката и ученичкиот дом во Куманово согласно препораките на Владата

Од денеска не работи кумановската библиотека „Тане Георгиевски“ и ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“, согласно  дополнителните заклучоци, мерки и препораки од 16-тата седница на Владата на Република Северна Македонија за преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). Меѓу препораките е да се прекине со работата на библиотеките, студентските и ученичките домови на територијата на Република Северна Македонија, во наредните 14 дена, а вработените лица во овие институции да бидат ослободени од работа во овој период. -Ја почитуваме одлуката на надлежните и од денеска не работиме- изјави директороката Христина Алексовска. И директорката на кумановскиот интернат Љубица Павлоски,изјави дека не работат, учениците се испратени дома согласно препораките на Владата.

Куманово, 12 март 2020 (МИА) – Од денеска не работи кумановската библиотека „Тане Георгиевски“ и ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“, согласно  дополнителните заклучоци, мерки и препораки од 16-тата седница на Владата на Република Северна Македонија за преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус).
Меѓу препораките е да се прекине со работата на библиотеките, студентските и ученичките домови на територијата на Република Северна Македонија, во наредните 14 дена, а вработените лица во овие институции да бидат ослободени од работа во овој период.
-Ја почитуваме одлуката на надлежните и од денеска не работиме, изјави директороката Христина Алексовска.
И директорката на кумановскиот интернат Љубица Павлоски, изјави дека не работат, учениците се испратени дома согласно препораките на Владата. ам/дма/

Back to top button
Close
Close