0_Спорт.ПорталФудбал

Нејмар се обиде да го убеди Кавани да остане во ПСЖ

Напаѓачот Единсон Кавани ќе го напушти Пари Сен-Жермен на 1 јули како слободен агент. Според „РМЦ“ Нејмар се обидел да го убеди Уругваецот да остане, но без никаква корист.

Париз, 24 јуни 2020 (МИА) – Напаѓачот Единсон Кавани ќе го напушти Пари Сен-Жермен на 1 јули како слободен агент. Според „РМЦ“ Нејмар се обидел да го убеди Уругваецот да остане, но без никаква корист.

И други играчи на парискиот клуб исто така разговараа со напаѓачот за да го убедат да го обнови договорот, но безуспешно.

Интер и Атлетико се заинтересирани за услугите на Кавани.

Во сезоната 2019/20 година, 33-годишниот Уругваец настапи на 22 натпревари за ПСЖ, постигна седум гола и направи три асистенции. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close