0_Спорт.ПорталФудбал

Нејмар: Не дојдов во ПСЖ да играм во Лига Европа

Ѕвездата на Пари Сен-Жермен, Нејмар, откако го совлада Манчестер јунајтед во 5. коло од Лигата на шампионите, изјави дека верува во учество во плејофот.

Манчестер, 3 декември 2020 (МИА) – Ѕвездата на Пари Сен-Жермен, Нејмар, откако го совлада Манчестер јунајтед во 5. коло од Лигата на шампионите, изјави дека верува во учество во плејофот.

Бразилецот постигна два гола на „Олд Трафорд“ за триумф на ПСЖ со 3:1.

– Не дојдов во ПСЖ да играм во Лига Европа, рече Нејмар во блиц интервјуто по натпреварот.

На едно коло пред крајот Манчестер Јунајтед, ПСЖ и Лајпциг имаат по 9 бода во Х-групата. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close