БалканБалкан.Портал

Не е пронајдена бомба во просториите на „Слободна Далмација“

Дојавата за бомба, која ја прими редакцијата на хрватскиот весник „Слободна Далмација“, поради што беше евакуирана зградата, е лажна, соопштено е на интернет страницата на весникот.

Сплит, 29 јули 2019 (МИА) – Дојавата за бомба, која ја прими редакцијата на хрватскиот весник „Слободна Далмација“, поради што беше евакуирана зградата, е лажна, соопштено е на интернет страницата на весникот.

Главниот уредник Јадран Капор соопшти дека околу пладне, непознат маж се јавил во редакцијата и рекол дека во објектот е поставена експлозивна направа, по што веднаш била контактирана полицијата. – Човекот рече дека е од Хрватските одбранбени сили, дека пишуваме лошо и дека неодамнешниот пожар не бил случаен, изјави Капор.

Откако полицијата утврдила дека дојавата била лажна, вработените се вратиле во редакцијата и нормализиран е сообраќајот во локалните улици.

Инаку, на 20 јули, во магацинот на „Слободна Далмација“ изби пожар. ссм/

 

Таг
Back to top button
Close
Close