0_Спорт.ПорталКошарка

НБА планира да организира тренинзи за тимови кои не се натпреваруваат по рестартот на сезоната

Раководството на најсилната кошаркарска лига во светот – НБА, планира да организира тренинг сесии за осум екипи кои не учествуваат во рестартирањето на сезоната во Орландо, објави „ЕСПН“.

Вашингтон, 25 јули 2020 (МИА) – Раководството на најсилната кошаркарска лига во светот – НБА, планира да организира тренинг сесии за осум екипи кои не учествуваат во рестартирањето на сезоната во Орландо, објави „ЕСПН“.

Според предвиденото, ќе се започне со една недела тренинг на домашните бази во текот на втората недела од август, по што ќе следат две недели групна обука организирана од два клуба кои не учествуваат во рестартирање на сезоната. Вториот сегмент ќе биде можен само со одобрување на синдикатот на играчите.

Сезоната 2019/20 ќе продолжи на 30 јули во Орландо со 22 екипи.

Голден стејт, Минесота, Шарлот, Чикаго, Њујорк, Детроит, Атланта и Кливленд не заминаа во спортскиот комплекс „Дизни Ворлд“ и токму овие осум екипи ќе бидат дел од тренинг-сесиите на НБА. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close