0_Спорт.ПорталКошаркаСпорт.Слајдер

НБА ги објави имињата на кошаркарите кои ќе бидат замени за„ Ол стар“ натпреварот

Кошаркарот на Бруклин, Џејмс Харден ќе игра на НБА „Ол-стар“ деветта година по ред. Покрај него, резервисти на Источната конференција ќе бидат: Џејлен Браун и Џејсон Тејтум (двајцата Бостон), Зак Лавин (Чикаго), Џулиус Рендл (Њујорк), Бен Симонс (Филаделфија) и Никола Вучевиќ (Орландо).

Атланта, 24 февруари 2021 (МИА) – Кошаркарот на Бруклин, Џејмс Харден ќе игра на НБА „Ол-стар“ деветта година по ред. Покрај него, резервисти на Источната конференција ќе бидат: Џејлен Браун и Џејсон Тејтум (двајцата Бостон), Зак Лавин (Чикаго), Џулиус Рендл (Њујорк), Бен Симонс (Филаделфија) и Никола Вучевиќ (Орландо).

Плејмејкерот на Феникс, Крис Пол, ќе биде 11-кратен „Ол-стар играч“. Покрај него на резервната клупа во тимот на Западната конференција ќе бидат и: Ентони Дејвис (Лејкерс), Пол Џорџ (Клиперс), Руди Гоберт, Донован Мичел (двајцата од Јута), Демијан Лилард (Портланд) и Сион Вилијамсон (Њу Орлеанс).

Браун, Лавин, Рендл и Вилијамсон ќе играат за прв пат на „Ол-стар“ натпревар.

Пред пет дена беа објавени и првите петорки од двете конференции.

Седумдесеттиот НБА „Ол-Стар“ натпревар ќе се одржи на 7 март во Атланта. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close