0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошарка

НБА ги избра најдобрите дефанзивни петорки

НБА ги објави двете најдобрите дефанзивните петорки за сезоната 2020/21.

Вашингтон, 15 јуни 2021 (МИА) – НБА ги објави двете најдобрите дефанзивните петорки за сезоната 2020/21.

Во најдобрата одбранбена петорка се најдоа: Јанис Адетокумбо (Милвоки), Руди Гобер (Јута), Дрејмонд Грин (Голден Стејт), Дру Холидеј (Милвоки) и Бен Симонс (Филаделфија).

Гоберт и Симонс добија максимален број поени на гласањето. Тие беа едногласно избрани во првиот дефанзивен тим од сите 100 претставници на медиумите.

Во втората одбранбена петорка избрани се следниве кошаркари: Бам Адебајо (Мајами), Џими Батлер (Мајами), Џоел Ембид (Филаделфија) Кави Ленард (Клиперс) и Матис Тибул (Филаделфија).

Претходно, Руди Гоберт од Јута ја доби титулата најдобар дефанзивен играч во сезоната по трет пат во последните четири години. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close