
Скопје, 30 окотмври 2020 (МИА) – Во текот на септември 2020 година продолжи трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити, соопшти денеска Народната банка.
Според податоците на Банката, минатиот месец просечната каматна стапка на вкупните кредити е сведена на ниво од 4,7 проценти.
Од друга страна, просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,98 проценти, информира Народната банка.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на: http://nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/%D0%9AS/2020/Soopstenie_za_pecat_kamatni_stapki_2020_septemvri_mk.pdf. сп/