БалканБалкан.Портал

НБ на Србија: Извозот на ИТ услуги 1,422 милијарди евра

Извозот на ИТ услуги минатата година од Србија достигна 1,422 милијарди евра, што претставува зголемување од дури 25 проценти во однос на 2018 година, соопшти Народната банка на Србија.

Белград, 20 февруари 2020 (МИА) – Извозот на ИТ услуги минатата година од Србија достигна 1,422 милијарди евра, што претставува зголемување од дури 25 проценти во однос на 2018 година, соопшти Народната банка на Србија.

Заменик-генералниот директор на секторот за економски истражувања и статистика Милан Трајковиќ рече дека вкупниот извоз на услуги, вклучително и ИТ услугите, достигнал седум милијарди евра во 2019 година и дека претставува зголемување од 15 проценти.

Трајковиќ додаде дека извозот на стоки и услуги во 2019 година изнесувал 10,5 проценти, достигнувајќи 23,4 милијарди евра.

Тој изјави дека ланскиот извоз воопшто не успорил, туку има забрзан раст во однос на 2018 година. зш/

Back to top button
Close
Close