0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталБизнисБизнис.ПорталЕкономијаОпштество

НБ: И во вонредни услови банките, штедилниците, менувачниците продолжуваат да работат

Народната банка вечерва информира дека и по прогласувањето на вонредна состојба, финансиските институции за коишто таа е надлежен регулаторен и супервизорски орган - банки, штедилници, менувачници и правни субјекти коишто даваат услуга брз трансфер на пари, продолжуваат да работат и да ги извршуваат своите клучни функции, со што нивните услуги и натаму ќе бидат достапни.

Скопје, 18 мрт 2020 (МИА) – Народната банка вечерва информира дека и по прогласувањето на вонредна состојба, финансиските институции за кои таа е надлежен регулаторен и супервизорски орган – банки, штедилници, менувачници и правни субјекти коишто даваат услуга брз трансфер на пари, продолжуваат да работат и да ги извршуваат своите клучни функции, со што нивните услуги и натаму ќе бидат достапни.

-Како што веќе известивме, ние сме во постојан контакт со овие финансиски институции и тие се подготвени да ви ги овозможат нивните услуги и во вонредни околности, се наведува во соопштението од кабинетот на гувернерката на Народната банка. вг/са/

 

Back to top button
Close
Close