БизнисБизнис.ПорталВидео изјаваЕкономија

НБ ја затвори Еуростандард банка, штедачите ќе бидат обесштетени

Народната банка денеска ја затвори банката Еуростандард АД Скопје поради неисполнување минимални законски услови за работење.

Скопје, 12 август 2020 (МИА) – Народната банка денеска ја затвори банката Еуростандард АД Скопје поради неисполнување минимални законски услови за работење.

Како што соопшти гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, затворањето на Банката воопшто нема да ја доведе во прашање стабилноста на банкарскиот систем, а сите депозити на штедачите ќе бидат исплатени во рамки на законските рокови.

НБ утре ќе се достави предлог до надлежниот суд за отворање стечајна постака во Еуростандард банка.

Согласно состојбата до 31 јули 2020 година, обесштетени ќе бидат 136.619 депоненти со вкупно 4,4 милијарди денари. Останатите 780 депоненти нема да бидат обесштетени или нема да бидат обесштетни во целост зашто ќе се покриваат само сумите во банката до 30.000 евра.

-Ја уверуваме јавноста дека вложивме исклучителен напор да се најде поинакво решение за банката, да не дојде до нејзино затворање, рече Ангеловска-Бежоска на прес-конференција.

Во изминатиот период заради ризици во работењето Еуростандард банка била под засилен супервизорски надзор. НБ постојано и изрекувала мерки и го засилувала интензтетот на супервизијата за да се отстранат слабостите. Воспоставени и биле и ограничувања на кредитната активност. Дозволено и било кредитирање единствено на клиенти со ризик А и Б, а имала и построг дозволен лимит за поединчена изложеност кон клинетите, поставен на пет проценти од сопствените средства наспроти законскиот лимит од 25 отсто.

Клучните проблеми на Еуростандард банката, оцени гувернерката, биле одраз на слабостите од минитиот период, а не на тековните состојби. мч/са/

Прес на НБ

Posted by MИА.mk on Среда, 12 август 2020

 

 

 

 

Back to top button
Close
Close