0_Спорт.ПорталКошарка

Навивачите во Милвоки скандираа навредливи зборови кон Дурант (видео)

Навивачите на Милвоки бакс упатија навредливи зборови кон лидерот на Бруклин нетс, Кевин Дурант, ноќеска на мечот број 3 од полуфиналната серија на Источната конференција.

Милвоки, 11 јуни 2021 (МИА) – Навивачите на Милвоки бакс упатија навредливи зборови кон лидерот на Бруклин нетс, Кевин Дурант, ноќеска на мечот број 3 од полуфиналната серија на Источната конференција.

Во арената во Милвоки кон Дурант се скандираше: „Е.. се КД“

Токму Дурант ги постигна последните 9 поени на Бруклин на натпреварот, но тоа не беше доволно неговиот тим да избегне поразот (83:86).

Дурант средбата ја заврши со 30 поени, 11 скока, 5 асистенции и 4 украдени топки. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close