0_Спорт.ПорталФудбал

Навивачите на Ливерпул започнаа со собирање средства за трансфер на Мбапе

Навивачите на Ливерпул решија да организираат акција за собирање средства за трансфер на напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе. Навивачите планираат да соберат 250 милиони фунти.

Ливерпул, 8 март 2021 (МИА) – Навивачите на Ливерпул решија да организираат акција за собирање средства за трансфер на напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе. Навивачите планираат да соберат 250 милиони фунти.

– Има околу 100 милиони навивачи на Ливерпул во светот. Ако секој од нив учествува и донираш 2,5 фунти, ќе се соберат доволно пари за да го потпишеме Мбапе. Да ги здружиме силите, се вели во петицијата.

Собирањето средства се одвива на услугата „GoFundMe“. Досега се донирани 2.300 фунти. Порталот „Transfermarkt“ ја проценува вредноста на 22-годишниот Французин на 180 милиони евра. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close