0_Спорт.ПорталФудбал

Навас: Со Реал имам многу убави спомени

Голманот на Пари Сен-Жермен, Кејлор Навас, по ремито со Реал Мадрид на натпреварот во Лигата на шампионите (2:2), рече дека со „кралскиот клуб“ го врзуваат многу убави спомени.

Мадрид, 27 ноември 2019 (МИА) – Голманот на Пари Сен-Жермен, Кејлор Навас, по ремито со Реал Мадрид на натпреварот во Лигата на шампионите (2:2), рече дека со „кралскиот клуб“ го врзуваат многу убави спомени.

  • Прекрасно беше да се вратам овде, да добијам таков пречек од мадридската јавност и да имам вакво издание на стадионот. Со реал имам многу прекрасни спомени. Што се однесува до натпреварот, се соочивме со одличен тим и во првото полувреме не успеавме да се прикажеме во добро светло. Неопходно беше да се направат прилагодувања, но духот и единството во тимот сега се на највисоко ниво и на крајот успеавме да изедначиме, изјави Навас.

Тој беше дел од Реал Мадрид во периодот 2014-2019 година. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close