Svet.SlajderСветСвет.Портал

Научници: ММР вакцината може да заштити од најтешки симптоми на Ковид-19

Поголема доза вакцина против сипаници, заушки и рубеола (ММР) може да помогне во спречување на некои од најтешките симптоми на Ковид-19, тврди тим научници од САД.

Њујорк, 19 јуни 2020 (МИА) – Поголема доза вакцина против сипаници, заушки и рубеола (ММР) може да помогне во спречување на некои од најтешките симптоми на Ковид-19, тврди тим научници од САД.

Вакцината ММР е позната како заштита на децата од повеќе инфекции, не само од тие три вируси, јави Си-Ен-Ен. Исто така, постои теорија дека вакцината го зајакнува општиот имунитет, покрај „тренирање“ на телото да препознае специфични вируси.

Вакцината ММР содржи многу ослабени верзии на вирус на сипаници, заушки и рубеола со цел да се создаде имунитет без да се разболување. Бидејќи користи цели вируси, оваа вакцина стимулира имунолошки одговор како широк и го надминува производството на антитела, се наведува во соопштението на тимот на научници.

Клиничкото испитување на ММР кај популацијата со висок ризик може да биде превентивна мерка „со ниски ризици – висока награда“ за да се спасат животи за време на пандемија , велат научниците.

Тие напоменуваат дека не постои сериозен ризик да се даде вакцина на повеќе луѓе и тој пристап може да биде особено ефикасен за заштита на здравствените работници. зш/

Back to top button
Close
Close