0_Магазин.ПорталДописници СветЗанимливости

Натуралисти на изложбата посветена на Луи де Финес, крајна провокација за жандармот Кришо

„Голите задници“, како што Кришо, жандармот од Сен Тропе, ги нарекуваше нудистите, ќе можат да ја посетат, во костумот на Адам и Ева, изложбата Луи де Финес на 13 септември во Кинотеката на Париз, јави дописникот на МИА.

Париз, 3 август 2020 (МИА) – „Голите задници“, како што Кришо, жандармот од Сен Тропе, ги нарекуваше нудистите, ќе можат да ја посетат, во костумот на Адам и Ева, изложбата Луи де Финес на 13 септември во Кинотеката на Париз, јави дописникот на МИА.

Заколнатите непријатели на Маршалот де Ложи-шеф-Кришо во култниот филм Жандармот од Сен Тропе (1964), нудистите ќе ја посетат, во костумот на Адам и Ева, изложбата „Луи де Финес“ на 13 септември во Кинотеката на Париз, соопшти здружението на натуралисти од Париз. Мерките на санитарна безбедност обврзуваат, единствено задолжително парче ткаенина ќе биде маската, хируршката или алтернативната, прецизира здружението кое ја убеди Кинотеката да резервира временски период за своите членови, од 9:00 до 11:30 часот на 13 септември.

– Непријателот е поброен, лукав, внимателен и добро организиран!

Тоа е дијалогот од познатата сцена од Жандармот на Сен Тропе, кога Кришо ја пушта својата бригада во лов на „голите задници“ на плажите на Пампелона. Во 1963 година, за време на снимањето на филмот, е донесен вистински декрет од префектот на Вар, со кој се забранува натурализам. Жан Жиро, режисерот и ко-сценарист на филмот, замислува како Лудовик Кришо организира акција за фаќање на нудистите. „Голите задници“ ќе им создадат многу главоболки на жандармите.

Кинотеката на Париз ја потврди оваа посета на натуралистите, „прва за париската институција“. Создадено во 1953 година, здружението на натуралисти во Париз веќе неколку години организира редовни посети на музеите, како на Палатата на Токио во 2018 година. тг/

Back to top button
Close
Close