0_Спорт.ПорталФудбал

Натпреварот од ЛШ меѓу Сити и Реал сепак ќе се игра во Англија

Реваншот од осминафиналето во фудбалската Лига на шампиони, Манчестер сити - Реал Мадрид ќе се игра во Англија, според предвиденото на 7 август.

Лондон, 26 јули 2020 (МИА) – Реваншот од осминафиналето во фудбалската Лига на шампиони, Манчестер сити – Реал Мадрид ќе се игра во Англија, според предвиденото на 7 август.

Претходно, поради новото појавување на коронавирусна инфекција, владата на Велика Британија воведе 14-дневна карантин за сите што влегуваат во земјата.

Сепак, беше решено дека овие рестриктивни мерки нема да важат за големи меѓународни спортски настани.

На првиот натпревар одигран во Мадрид, Манчестер сити победи со 2:1. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close