0_Спорт.ПорталФудбал

Натпреварот од ЛE Волфсбергер – Тотенхем може да се игра во Москва

Натпреварот од 1/16 финалето во Лига Европа меѓу австриски Волфсбергер и Тотенхем од Лондон кој е закажан за 17 февруари, може да се одигра во Москва, објавија руските медиуми.

Москва, 5 февруари 2021 (МИА) – Натпреварот од 1/16 финалето во Лига Европа меѓу австриски Волфсбергер и Тотенхем од Лондон кој е закажан за 17 февруари, може да се одигра во Москва, објавија руските медиуми.

Ова се должи на забраната на австриската влада да за влез во земјата на лица од територии каде беше идентификуван британскиот вид коронавирус.

Раководството на Волфсбергер смета дека Русија и Унгарија се двете главни опции за играње на неутрален терен, бидејќи и двете земји не прават проблеми со воздушните врски со Велика Британија.

Доколку австриската влада не дозволи англиски клуб да влезе во земјата до крајот на оваа недела, Волфсбергер има намера да контактира со Динамо и ЦСКА со барање да дозволи натпреварот од Лигата на Европа да се одржи на еден од стадионите во Москва.

– Работиме на различни опции. Засега е тешко да се каже каде ќе се одигра натпреварот со Тотенхем, но ние сме подготвени да ги искористиме нашите добри врски во Русија доколку се појави потреба, изјави извор од австрискиот тим.

Натпреварот Волфсбергер – Тотенхем треба да се одржи на 18 февруари.

Вчера и Лајпциг соопшти дека се соочува со слични проблеми и неможност во Германија да го одигра првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите против Ливерпул. Будимпешта се разгледува како една од опциите за одржување на овој натпревар. зс/

Back to top button
Close
Close