0_Спорт.ПорталФудбал

Натпреварот на Баерн во Купот на Германија е одложен поради карантин на Бремер

Натпреварот од првото коло во Купот на Германија помеѓу Баерн Минхен и Бремер, клуб од 5. дивизија е одложен на неодредено време.

Берлин, 4 август 2021 (МИА) – Натпреварот од првото коло во Купот на Германија помеѓу Баерн Минхен и Бремер, клуб од 5. дивизија е одложен на неодредено време.

Средбата беше закажана за в петок, но е откажана поради наметнатите карантински мерки за домаќинот, клубот од Бремен.

Германскиот фудбалски сојуз во блиска иднина ќе се обиде со клубовите да се договори за нов датум за натпреварот. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close