0_Спорт.ПорталОстанато

Натпреварот Далас – Нешвил, втор најпосетен во историјата на НХЛ

Натпреварот меѓу Далас старс и Нешвил предаторс одигран вчера стана втор по посетеност во историјата на Американската национална хокеарска лига.

Далас, 2 јануари 2019 (МИА) – Натпреварот меѓу Далас старс и Нешвил предаторс одигран вчера стана втор по посетеност во историјата на Американската национална хокеарска лига.

На Стадионот „Cotton Bowl“ во Далас присуствуваа 85.630 гледачи. Натпреварот заврши со резултат 4:2 за Далас.

Најпосетен натпревар во историјата на НХЛ е оној во 2014 година кога пресметката меѓу Детроит и Торонто ја следеле 105.491 гледач. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close