Дописници МКДОпштински вести

Наставниците да предаваат од дома поради зголемен број на заболени од Ковид-19 во тетовските образовни установи

Кризниот штаб на Општина Тетово евидентира вкупно 21 лице во образовните институции заболени од Ковид-19, па препорача процесот на учење преку интернет што наставниците и професорите сега го спроведуваат од училишните установи да продолжи од нивните домови. На состанокот на штабот на 13 октомври беа евидентирани 14 заболени поради коронавирусот, што значи дека оваа недела има зголемување на бројот.

Back to top button
Close
Close