Дописници МКДОпштински вести

Настава без мобилни телефони во кумановското основно училиште „Крсте Мисирков“

Во кумановското основно училиште „Крсте Мисирков“ почна настава без мобилни телефони, информираа надлежните од училиштето. Согласно, Кодексот на однесување во училиштето, од второто полугодие наставниците и учениците за време на часовите мобилните телефони ги ставаат во остава за телефони. Иницијативата, посочија потекнала  и од наставниците и родителите уште од мината учебна година.

Куманово, 2 февруари 2020 (МИА) – Во кумановското основно училиште „Крсте Мисирков“ почна настава без мобилни телефони, информираа надлежните од училиштето. Согласно, Кодексот на однесување во училиштето, од второто полугодие наставниците и учениците за време на часовите мобилните телефони ги ставаат во остава за телефони. Иницијативата, посочија потекнала  и од наставниците и родителите уште од мината учебна година.

 Знаеме дека во денешното време телефоните се повеќе од потребни, меѓутоа сведоци сме дека низ годините наназад  паметните (смарт) телефони беа максимално злоупотребувани за време на наставата. Ние не забранивме носење на телефони во училиштето, меѓутоа за време на часовите ги задолжуваме учениците и наставниците во интерес на наставата истите да ги остават во новопоставените остави за телефон. За време на одморите учениците можат слободно да си ги користат своите телефони, изјави директорот на училиштето, Александар Јовановиќ.

За да се реализира иницијативата, уште ланската учебна година била извршено дополнување на Кодексот за однесување во училиштето. Промената  едногласно  ја одобрил Советот на родителите и била изгласана од Училишниот Одбор .

 Успехот на учениците зависи од многу фактори, меѓутоа сите заедно сме на исто мислење дека со ова ќе го задржиме вниманието на учениците за активно следење на наставата. Нормално, со дозвола од страна на предметните наставници по предметите како што се ликовна и музичка уметност, учениците можат да користат мобилен телефон во реализација на наставната содржина и тоа го назначивме и во Правилникот,  појаснува Јовановиќ. ам/ац/

Back to top button
Close
Close