Svet.SlajderСветСвет.Портал

Насралах: Регионот е пред нова и неизбежна конфронтација

Генералниот секретар на либански Хезболах, Хасан Насралах изјави дека регионот се соочува со нов неизбежен судир со оглед на тоа дека другата страна односно САД водат војни, извршуваат атентати и ги одземаат правата

Бејрут, 18 февруари 2020 (МИА) – Генералниот секретар на либански Хезболах, Хасан Насралах изјави дека регионот се соочува со нов неизбежен судир со оглед на тоа дека другата страна односно САД водат војни, извршуваат атентати и ги одземаат правата.

Тој алудираше на  мировниот план за Блиски Исток, што неодамна беше претставен од американскиот претседател Доналд Трамп. Насралах посочи и дека САД претходно доживувале неуспех кога народите од регионот одлучиле да им се спротвистават.

– Луѓето во регионот немаат друг избор пред овие бројни и различни облици на американската агресија, со исклучок на сеопфатниот и  народен отпор, истакна Насралах, додавајќи оти палестинското отфрлање на американскиот план е од клучно значење.

Тој се осврна и на состојбата во Либан наведувајќи дека земјата поминува низ тешка економска, финансиска и монетарна ситуација.

Насралах истакна дека Хезболах нема да ја напушти Владата на Хасан Диаба, која пред неколку дена доби доверба. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close