Дописници СветЕвропаЕвропа.Портал

Насилство во Дижон: нова операција за пребарување нелегално оружје во Лес Грезиj

Во францускиот град Дижон во тек е нова полициска акција во потрага по нелегално оружје во чувствителниот кварт Гресиј, по насилството што се случуваше од 12 до 15 јуни, јави дописникот на МИА.

Париз, 22 јуни 2020 (МИА) – Во францускиот град Дижон во тек е нова полициска акција во потрага по нелегално оружје во чувствителниот кварт Гресиј, по насилството што се случуваше од 12 до 15 јуни, јави дописникот на МИА.

Оваа акција следува по онаа спроведена минатиот петок, за време на која беа претресени 42 згради.

-Операцијата која започна изутринава е дел од локалниот план за засилени судски дејствија против оружјето, суштинска работа што е забрзана по неодамнешното урбано насилство, рече обвинителот Ерик Матхе.

За разлика од големата полициска операција, што се случи минатата недела и во која беа мобилизирани 140 припадници на безбедносните сили, оваа операција е судска и затоа е под директна контрола на обвинителството. Не е наведен бројот на мобилизирани полицајци.

За време на претходната операција, според префектурата, запленети се 80 гр смола од канабис, нож, 25 молотови коктели, како и белгиски регистарски таблички, мотокрос, ракавици и качулки.

Јавниот обвинител изјави дека истрагата продолжува „за да се идентификуваат учесниците“ во насилството што го потресе Грезиј, но и Шенов, југозападни предградија на Дижон. Во видеата објавени на социјалните мрежи, се гледаа лица опремени со оружје пиштоли или автоматски пиштоли.

Тие, исто така, стрелаа во камерите за видео надзор и запалија возилата. Ова насилство следеше по низата одмазди што ги започнаа припадниците на чеченската заедница, кои сакаа да се одмаздат за нападот на нивни млад сонародник, од според нив, жители на Грезиј.

Шест чеченци беа уапсени и ставени во притвор од полиција во четвртокот, како дел од посебната истрага за казните рации. Двајца беа пуштени, додека другите четири беа обвинети, од кои три веднаш беа ставени во привремен затвор. Четвртиот осомничен остана слободен под судски надзор. тг/ссм/

Back to top button
Close
Close