0_Web_АктуелноБалканБалкан.ПорталВидео

Насилни протести во Белград, Вучиќ ги нарече „чист тероризам“

Илјадници луѓе излегоа вечерва на протести во Белград, четврти ден по ред, пред српскиот Парламент, и покрај одлуката на Кризниот штаб за забрана на собири на повеќе од 10 лица на отворено.

Белград, 10 јули 2020 (МИА) – Илјадници луѓе излегоа вечерва на протести во Белград, четврти ден по ред, пред српскиот Парламент, и покрај одлуката на Кризниот штаб за забрана на собири на повеќе од 10 лица на отворено.

Протестот започна мирно, но подоцна стотина агресивни демонстранти се обидоа да влезат во зградата на Собранието. Кордони на полицијата и жандармеријата се распоредени на приодот во зградата на Собранието и на влезот.

Полицијата вечерва уапси лице за кое постои сомнеж дека за време на протестите пред Собранието повредило со нож 39-годишен маж.

Демонстрантите почнаа да фрлаат камења, факели и шишиња кон влезот на Парламентот каде беа распоредени полициски сили.

Полицијата во одговор на нападот употреби солзавец, како и во изминатите три дена додека траат протестите.

Жандармеријата се обиде да ги потисне демонстрантите кои ја нападнаа полицијата и да го заземе платото пред Парламентот. Демонстрантите возвратија со фрлање бетонски делови од плочник.

На моменти беше мирно на протестите, демонстрантите почнаа да се повлекуваат, но една група почна да фрла по полициските сили. Според белградски медиуми, регистрирана е најверојатно и употреба на шок бомби од страна на полицијата.

Српскиот министер за надворешни работи Небојша Стефановиќ изјави дека вечерва пред Парламентот се случуваат брутални сцени на насилство и дека полицијата морала да реагира, со цел да го заштити јавниот ред и мир и имотот.

Тој предупреди дека секој кој користи насилство ќе добие одговор од државата. Според него, овие сцени се за осуда и полицијата трпи големо насилство, но реагира правовремено и исправно.

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва од Париз се обрати во врска со актуелните случувања во Белград.

– Му порачувам на народот да не се грижи, добар ден од хулиганите ќе бидат уапсени, ќе мораат да одговараат за своите злосторства. Мислам дека конечно паднаа сите маски, можете некого да залажувате еден ден, но сега го видовме вистинското лице. Почнаа да се тепаат меѓу себе, а потоа бараа помош од полицијата, која претходно истите ја напаѓаа. Тие се уапсени и дадена им е медицинска помош, истакна Вучиќ за ТВ Пинк.

Коментирајќи ги протестите, тој изјави дека станува збор за „чист тероризам“.

Освен во Белград, вечерва протести се одржаа и во други градови на Србија – Нови Сад, Ваљево, Ниш, Лесковац, Пирот и Врање, поради незадоволството на граѓаните од актуелната политичка и епидемиолошка ситуација во земјата. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close