Kultura.SlajderКултураКултура.Портал

„Нашите деца свират Бах“ – он лајн концерт на млади пијанисти и гудачки оркестар

Во Музејот на македонската борба денеска со почеток во 12 часот ќе се одржи концерт „Нашите деца свират Бах“ кој ќе може да се проследи во живо на социјалните мрежи.

Скопје, 8 август 2020 (МИА) –  Во Музејот на македонската борба денеска со почеток во 12 часот ќе се одржи концерт „Нашите деца свират Бах“ кој ќе може да се проследи во живо на социјалните мрежи.

На концертот ќе настапат ученици по пијано од класата на проф. Нина Костова: Петра Митровиќ и Искра Атанасова Митуш, а на програмата се Концертите за пијано и оркестар во f-moll и d-moll од Јохан Себастијан Бах.

Младите пијанистки ќе ги придружува гудачкиот оркестар „Magical String Orchestra“ под диригентство на Џијан Емин..лв/мд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close