Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Населбата Манаќија во Берово доби ново улично осветлување

Месноста Манаќија во Берово добива улично осветлување. Како што информираат од општината, екипа на терен работат на поставување инсталација на улично осветлување во должина од околу 300 метри, со што овој дел од Берово наскоро целосно ќе биде осветлен. 

Берово, 8 мај 2021 (МИА) – Месноста Манаќија во Берово добива улично осветлување. Како што информираат од општината, екипа на терен работат на поставување инсталација на улично осветлување во должина од околу 300 метри, со што овој дел од Берово наскоро целосно ќе биде осветлен.

– При реализацијата на овие активности, овозможувајќи им значајни придобивки на граѓаните ги запазуваме постоечките стандарди за енергетска ефикасност, со што се добива заштеда на електрична енергија. Со поставување на улично осветлување во месноста Манаќија, граѓаните ќе имаат придобивки и во однос на социјалната и сообраќајната безбедост, истакнаа од Општината.

Градоначалникот Звонко Пекевски укажа дека при реализацијата на проекти од особено значење е средствата на граѓаните секогаш да се вложуваат наменски.

– Потребна е рационализација и домаќински да се работи. Токму затоа, ја увидовме потребата од поставување на улично осветлување на овој дел од Берово, кој што е доста населен, додаде Пекевски.

Претходно, ново улично осветлување добија и жителите од населбата Ширината во Берово. вс/лв/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close